Запознајте го манекенот Берк од модната агенција „Моделс Ин“

Берк Шентурк има 22 години, живее и работи во Скопје. Неговиот татко е Турчин, додека мајка му Македонка, па често патува на релација Скопје-Инстанбул. Сака да работи со успешни и талентирани луѓе, вежбањето и консумацијата на здрава храна му е начин на живот и се труди тоа да го пренесе на своите пријатели и познаници преку својот Инстаграм профил.

Шентурк со спорт започнува да се занимава уште од својата седма година, игра фудбал се додека да наполни 16 години, а потоа почнува да вежба во фитнес клуб 6 пати неделно. Среќата си ја пробал и на Куп на Македонија 2017 во категоријата Мен Физик Јуниори до 23 години, а професионално се занимава и со моделство. Неговата матична агенција е токму најуспешната во Скопје, реномираната „Моделс Ин“ на Алек Наумовски.