Заврши одморот: Учениците се враќаат во училишните клупи

Заврши тринеделниот зимски распуст, од понеделник (22 јануари) учениците се враќаат во клупите.

Започнува и второто полугодие, кое ќе трае до 9 јуни, по што започнува летниот распуст. Во ова полугодие предвидено е учениците да имаат настава и во сабота, на 17 март и 14 април.