Заврши Вевчанскиот карневал

Со последно Василичарско оро точно на пладне, како и традиционалното палење на маските заврши Вевчанскиот карневал.

И оваа година во Вевчани со врвна сатира и критика е направен вистински спектакл и театар на отворено.

Во центарот на вниманието беа политичките случувања. Освен зетот, невестата и глупавиот Август низ улиците продефилираа и Доналд Трамп, Ангела Меркел, а не го заборавија и Владимир Путин.

Се говореше двојазично, и се дишеше чист воздух. Името на распродажба за десет денари, пратениците патеници и нивните трошоци во центарот на вниманието. Маски изработени до совршенство критикуваа и исмеваа се што им пречи.