Згодниот Таско на заслужен одмор

После настапот на големиот спектакл во Охрид со Маја Берович и Раста што за него го одбележа ова лето, многубројните настапи во клубовите низ државата, после промоцијата на два хит сингла – последниот  ‘GRAN TURISMO’, конечно одмор и за него…

Раперот и пејач Таско во жешко издание на жешкиот песок, одмара на плажите на Халкидики.. Девојки уживајте во ретките фотографиите каде што Таско го сонча убаво тонираното тело. Неговиот Инстаграм профил беше преполн со несекојдневни и интересни видеа како вози скутер, како со скок во воздух и пад во вода прави салто на напред и на назад, им се смешка од под вода и праќа бакнежи до сите негови обожавателки…Тоа го може само Таско.

Тоа зборува и за неговата голема физичка кондиција која и те како му е потребна за неговите ангажмани и е еден одличен пример за младите како треба да се негува сопственото тело и да се води грижа за сопственото здравје.

После одморот од неколку дена, следна дружба на Таско со неговите фанови е оваа сабота во клубот “Живот е циркуз” нас.Илинден Скопје.

Таско

Gepostet von Idol.mk am Donnerstag, 5. September 2019