Аргентинците веруваат дека ова срце ќе биде дополнителна инспирација за играчите да освојат нова светска титула по толку чекање
Фудбалската легенда Диего Армандо Марадона почина минатата година, но милиони фанови не можат да се помират со неговото заминување.
Аргентинецот беше погребан без срце, а сега една аргентинска компанија задолжена за односи со јавноста и маркетинг агенција со седиште во Аргентина, Мексико и САД дошле до бизарна идеја.
Тие сакаат да го однесат срцето на Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, со аргентинската репрезентација на Светското првенство во Катар.
Тие веруваат дека ова срце ќе биде дополнителна инспирација за играчите да ја освојат новата светска титула по толку чекање. „Гаучосите“ за последен пат беа најдобри на планетата во 1986 година, а последното финале Меси и соиграчите го одиграа во 2014 година во Бразил.
Марадона почина во ноември 2020 година како последица на срцев удар. Нелсон Кастро, аргентински новинар и лекар, напиша книга за здравјето на Диего.