









Во 17:00 часот од аеродромот во Скопје, фудбалерите на Македонија со чартер заминуваат за Порто, каде во вторник ќе играат плеј-оф финале против Португалија.
Македонската фудбалска репрезентација претпладнево на комплексот на ФФМ во Скопје зад затворени врати го одржа последниот тренинг пред заминувањето за Порто.
Првиот тренинг на португалско тло, нашиот национален тим ќе го одржи утре во 20:00 часот.
Натпреварот меѓу Португалија и Македонија се игра во вторник во 20:45 часот.
По триумфот над Италија во четвртокот во Палермо, репрезентацијата на Португалија, предводена од Кристијано Роналдо, е последната пречка пред македонските фудбалери за дебитантски настап на Светското првенство во Катар.
ФОТО gol.mk