„Смешен и жален си господине, гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, објави Горан Пандев на својот инстаграм профил.
Оваа порака се однесува на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој вети дека ако Македонија се пласира на Светско првенство, сите фудбалери ќе добијат дипломатски пасоши.
Ветувањето на Османи дојде откако двајца фудбалери, херојот од Палермо, Александар Трајковски и фудбалерот за врска Енис Барди добија дипломатски пасоши, заедно со селекторот Благоја Милевски.