Tuesday, July 16, 2024
25.8 C
Skopje

Катастрофа во Австралија: Загина 21 лице во поплавите

-Реклама-

Обилни дождови ја зафатија источна Австралија, а властите втор пат за еден месец издадоа наредба за евакуација на илјадници жители поради поплави.

Истовремено упатено е предупредување до населнието дека лошото време најверојатно ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.

Околу 28 сантиметри дожд на метар квадратен наврна само во текот на последните 24 часа. Тоа резултираше со енормно покачување на водостоите на реките. На жителите на градот Лизмор во северниот дел на Нов Јужен Велс, областите што беа најтешко погодени од рекордните поплави пред еден месец, им е наредено до пладне да се евакуираат.

Метеоролошката служба предупреди на потенцијални поројни поплави опасни по живот долж северниот брег на Нов Јужен Велс, на површина од повеќе од 500 километри квадратни.

Според метеоролозите, во некои региони во следните шест часа може да има изолирани врнежи до 30 сантиметри на метар квадратен.

Многу од објектите што беа поплавени минатиот месец се повторно загрозени, изјави за новинарите министерката за вонредни ситуации на Нов Јужен Велс, Стефани Кук.

Австралиското Министерство за одбрана соопшти дека околу 3.300 припадници на армијата ќе останат во регионите погодени од поплавите за да помогнат во евакуацијата на населението.

Во поплавите што ги зафатија Нов Јужен Велс и југоисточниот дел на Квинсленд загина 21 лице, а уништени се стотици фарми, станбени објекти и добиток.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО