









Фудбалска Македонија беше во огромна еуфорија откако избраниците на Благоја Милевски ја победија Италија и беа на чекор до пласман на Мундијалот во Катар. За жал, на тој пат застанаа Кристијано Роналдо и Португалија, кои во Порто ги победија „рисовите“ и го скратија сонот.



Сепак, напредокот во репрезентацијата е евидентен, а за него зборуваат сите. Меѓу нив беше и легендарниот Дарко Панчев, кој медиуми ја пофали работата, а се осврна и на Горан Пандев за кој кажа дека е донекаде добро што заминал во пензија.
На ова следеше и реакција од струмичанецот. Пандев во разговор за „Фокус“ реши да ја искоментира на Дарко Панчев.



„Немам посебен коментар. Се гледа дека нему му е мака што Македонија играше на ЕП и бараж за СП.



Овие момци изгинаа 180 минути во баражот и секоја чест за тоа. Македонија заслужи да оди на СП, но тоа ќе се достигне во следните години. Јас пред три години кажав дека оваа генерација на репрезентацијата е најдобра во историјата“, кажа Пандев.



Иако двете легенди имаат можеби различни ставови, сите мора да се сложат дека оваа Македонија има нешто што во претходните генерации недостигаше. Сплотеноста, зближеноста и борбеноста ја красат оваа селекција која првпат заигра на еден голем собир лани, а беше толку близу и да заигра со најдобрите светски сили во Катар.


