









Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето кај Португалија во финалето на плеј-офот за пласман на Мундијалот. Избраниците на Фернандо Сантош лесно се справија со нашиот национален тим и со 2-0 си го чекираа билетот за Катар.



По натпреварот, порака на поддршка и честитки упати претседателот на Македонија, Стево Пендаровски преку социјалните мрежи.



„Македонска гордост, херои, покажавте големина низ квалификациите за светското првенство. Со пласманот на Европско ја испишавте историјата на македонскиот фудбал. Ве чекаме дома како победници, зашто победивте во идејата да се претставите најдобро. Успеавте да нè сплотите и да не направите горди“, напиша претседателот на Македонија.



Сепак, на оваа објава одговорија многу португалски и фанови на Кристијано Роналдо, откако по победата над Италија објави порака: „Кристијано, ти си следен!“.
Иако капитенот на Португалија, Роналдо не одигра којзнае колку добар натпревар, запиша една асистенција, а константно навлекуваше чувари на себе и оставаше простор за соиграчите.



Поразот не смее да биде разочарување за четата на Благоја Милевски. Македонија покажа дека може и знае да се носи со светскиот фудбалски врв, па на тоа треба да се надоградува репрезентацијата и да се напредува за следните изданија.


