Monday, September 9, 2024
17.8 C
Skopje

ТАЖНА ВЕСТ: Од тумор почина 33 годишниот пејач Том Паркер

-Реклама-

Почина 33-годишниот пејач Том Паркер од бендот „The Wanted“, откако се бореше со тумор. Веста за неговата смрт ја потврди неговата сопруга Келси.

„Нашите срца се скршени. Том беше центарот на нашиот свет и не можеме да го замислиме животот без неговата заразна насмевка и енергично присуство“, додаде таа.

Том зад себе остави и две деца, двегодишната Аурелија и едногодишниот Боди.
На ѕвездата му беше дијагностициран терминален тумор на мозокот во 2020 година и му беше кажано дека има само 18 месеци живот.

Храбриот Том ги надмина шансите откако помина неколку напорни циклуси на хемотерапија, објавувајќи минатата недела дека напишал и книга за неговата битка.

„Мојата книга не е за умирање: тоа е книга за животот. Тоа е книга за наоѓање надеж во секоја ситуација со која се соочувате“, рече тој тогаш.

Во октомври 2020 година, Том откри дека има неоперабилен глиобластом во четврта фаза, што лекарите го опишаа како „најлошото сценарио“.
Пејачот се надеваше дека револуционерниот третман ќе му го продолжи животот, но се чинеше дека неговото здравје почна да се влошува. Во документарецот снимен за неговата болест, тој откри дека се плаши од смртта.

“Страшно е да се каже дека сум исплашен. Бев скаменет кога ми рекоа дека немам уште многу време. Не можев да престанам да размислувам за смртта”, рекол тој плачејќи пред камерата.

„Толку е тешко да се размислува за иднината бидејќи навистина веќе не знам што носи таа“.

Том се приклучи на The Wanted во 2009 година, а бендот сними 10 Топ 10 синглови во Велика Британија и три Топ 10 албуми.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО