Tuesday, July 16, 2024
25.8 C
Skopje

Вработени во МВР се обиделе да украдат 150 литри нафта

-Реклама-

Министерството за внатрешни работи информира дека двајца вработени во министерството се обиделе да украдат горива од пумпа во сопственост на полицијата.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.М., полициски службеник и Д.Ј., вработен како ракувач на бензинска пумпа во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 од Кривичниот законик.

Пријавените, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на 28.03.2022 се обиделе да изнесат околу 150 литри нафта, но биле спречени во намерата. Н.М. и Д.Ј. ќе бидат суспендирани од работните места, информираат од МВР.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО