Tuesday, June 25, 2024
28.8 C
Skopje

Ковид вакцината му донесе милијарди евра на BioNTech

-Реклама-

Германската биотехнолошка компанија „Бајонтех“ повеќекратно ја зголеми заработувачката и приходите во 2021 година, благодарение на продажбата на вакцини против ковид-19 која ги надмина и најоптимистичките очекувања, покажува годишниот финансиски извештај.

Нето добивката од 15,2 милиони евра во 2020 година, скокна на 10,29 милијарди евра во 2021 година. Приходот лани изнесуваше 18,98 милијарди евра, наспроти 482 милиони евра во 2020 година, покажува документот за работењето на компанијата во 2021 година.

„Иновативната мРНА вакцина против ковид-19 кое германската биотехнолошка компанија го разви заедно со американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ беше првото што доби дозвола за употреба во Европската Унија (ЕУ)“, потсетува агенцијата ДПА.

„Бајонтех“ ја потврди прогнозата за оваа година, според која очекува приходите од продажба на вакцини против ковид-19 да бидат меѓу 13 и 17 милијарди евра.

„Потпишаните нарачки за испорака во 2022 година, како што нагласуваат, во моментот излесуваат 2,4 милијарди дози. Лани беа испорачани 2,6 милијарди дози или 100 милиони повеќе одошто се очекуваше“, се вели во извештајот.

Во „Бајонтех“ очекуваат оти во април ќе можат да ги објават првите податоци од клиничките испитувања на вакцината која е прилагодена на омикрон сојот. Најавуваат и 50 отсто поголеми издвојувања за истражување и развој во оваа година или преведено во бројки меѓу 1,4 и 1,5 милијарди евра.

Изворр: novatv.mk

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО