Tuesday, July 9, 2024
28.8 C
Skopje

„И ЈАС И ТИ – СИТЕ СМЕ ПЕШАЦИ! БЕЗБЕДНОСТА НА ПРВО МЕСТО!“- Нова капмања за поголема безбедност на пешаците во сообраќајот

-Реклама-

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност од Скопје, од денеска започнуваат кампања за подобрување на безбедноста на најранливата категорија учесници во сообраќајот – пешаците, под мотото „И јас и ти – сите сме пешаци! Безбедноста на прво место!“. Кампањата ќе се реализира неколку месеци при што ќе бидат опфатени голем број градови од Македонија.

– Пешаците се најмасовна и најранлива категорија учесници во сообраќајот, а истовремено и најмалку контролирана и најмалку санкционирана, додавајќи ги причините за страдањето на пешаците во сообраќајни незгоди, посочуваат од РСБСП.

Најчести причини заради кои пешаците страдаат во сообраќајот се: непочитување на сообраќајните правила и прописи од нивна страна, поминување улица надвор од пешачки премин, претрчување преку улица, преминување на црвен пешачки семафор, движење во услови на намалена видливост (дожд и магла), преминување помеѓу две коловозни ленти, преминување помеѓу возила во движење, користење мобилен телефон или слушалки, и непотребно и долго задржување на коловозот, погрешна проценка на брзината и растојанието на возилата што им доаѓаат во пресрет, движење во алкохолизирана состојба или под дејство на опојни средства, како и невнимателно движење на паркинзи.

РСБСП препорачува пешаците да користат батерија или рефлектирачка облека (пр. рефлектирачко елече или други рефлектирачки додатоци) кога се движат ноќе или во услови на намалена видливост, да преминуваат коловоз на означени пешачки премини, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да го прифатат пешачењето како алтернативна форма на сообраќај.

Непочитувањето на сообраќајните правила и прописи од страна на пешаците и возачите е причина за предизвикување на сообраќајни незгоди, нагласува РСБСП и ги потсетува возачите дека нива обврска е да ја намалат брзината и да бидат подготвени да застанат секогаш кога се приближуваат кон пешачки премин, да им дадат предност на пешаците на пешачкиот премин, никогаш да не претекнуваат возило кое застанало на пешачки премин, да бидат посебно внимателни кога возат наназад во близина на пешаци, што никако не значи дека пешаците имаат апсолутно право на првенство на минување.

– Безбедноста и на пешаците и на возачите е заедничка грижа. Покажи и ти дека се грижиш. И ЈАС И ТИ – СИТЕ СМЕ ПЕШАЦИ! Заедно да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот!, апелира РСБСП.

Реклама

-Реклама-

Извор: 24.mk

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО