македонската фудбалска репрезентација ја чека третото издание на Лига на нации, кое претставува шанса за нашите фудбалерите за ЕП 2024.
Овој пат не сме во Лига Д која ја освоивме, туку во Ц во група 3 која ни донесе соседско дерби против Бугарија, двомеч со Грузија и третиот противник е повторно аутсајдерот Гибралтар.
Поради Светското првенство во ноември, УЕФА беше принудена да го згусти распоредот во Лига на нации, кој овој пат место во три, ќе се одигра во само два месеци.
За само 11 дена, избраниците на Боби Милевски ќе мора да се подготват добро за дури четири натпревари.
Македонија ќе отвори и ќе затвори против Бугарија, прво на гости, а потоа на домашен терен. Стартуваме во Разград кој бара 580 км возење.
Распоред оди вака:
2. јуни 2022. Бугарија – Македонија (20:45)
5. јуни 2022. Гибралтар – Македонија (18:00)
9. јуни 2022. Македонија – Грузија (20:45)
12. јуни 2022. Македонија – Гибралтар (18:00)
23. септември 2022. Грузија – Македонија (18:00)
26. септември 2022. Македонија – Бугарија (20:45)