Во Србија граѓаните денес од 07 до 20 часот гласаат на претседателските избори, предвремените парламентарни избори и избори за Собранието на Белград и уште 13 градови и општини.
Набљудувачите соопштија дека веќе во првиот дел од изборниот ден забележале повеќе случаи на физичко и вербално насилство на избирачките места, непочитување на процедурите, сликање на гласачките листи, користење на мобилните телефони, физичка пресметка во Нови Пазар поради што доцнеше отворањето на едно гласачко место, а информираат и за голем број други насилни инциденти.
РИК потврди дека во Земун е дојдено до физички напад врз лидерот на опозициското Движење на слободни граѓани, Павле Грбовиќ, како и на еден пратеник на владејачката СНС во Чачак и на член на движењето „Да не го давиме Белград“.