Tuesday, July 9, 2024
28.8 C
Skopje

Мистериозна смрт на Клинички: Почина турски државјанин кој бил донесен со тешки телесни повреди

-Реклама-

Скопјанецот Р.Е. (34) вчера пријавил дека околу 14 часот во Скопје на ул. “Радован Ковачевиќ“, движејќи се со своето возило забележал две непознати машки лица, од кое едното барало помош, а другото било повредено.

Потоа Р.Е., според негово кажување, ги качил во своето возило и ги однел во Комплексот клиники “Мајка Терза“.

-Откако ги внеле внатре, едното лице незабележано заминало, додека на другото повредено лице му била пружена лекарска помош, при што му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување. Од страна на полициски службеници констатирано било дека се работи за М.К.(42) од Република Турција, велат од МВР.

Од полицијата информираат дека истиот ден околу 19.30 часот М.К. починал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО