









Вчера во спортската сала ‘ФОРЦА’, во Скопје, во одлична атмосфера се одржа 35-тото издание на квалификацииниот натпревар ‘Куп на Македониjа’.
Денеска за нашиот портал ексклузивно разговаравме со Мери Акиевска, младата девојка која според многу има најубаво тело во Македонија но и пошироко во Европа.
Таа на овој натпревар се закити со повеќе златни медали за Велнес јуниори и Велнес сениор.
Ова е прв настан и почеток за годинава. Акиевска за ИДОЛ МК откри кои се следните предизвици за кои се спрема.
Викендов ќе не преставува на Балканско првенство во Србија.
После балканското следниот викенд на 15ти Април во Скопје за прв пат има голем настан Херкулес Гранд Прих.
А потоа следува и големото Европско првенство на 9ти мај за кое се спремам долго време и ќе одам за прв пат, истото се одржува во Шпанија. – открива Мери.