Tuesday, July 23, 2024
33.8 C
Skopje

(ФОТО) Бутелчани не забораваат – со транспарент со Божиновски прославија кадетски трофеј

-Реклама-

Кадетската екипа на Бутел Скопје го крена пехарот во шампионатот на Македонија, откако беше најуспешен на „фајнал-фор“ турнирот во салата „Билјанини Извори“ во Охрид. Скопската екипа во полуфиналето прво го победи домаќинот Охрид, за потоа во финалниот дуел да го совлада и Алкалоид со 22-20 и да се закити со шампионската круна.

Овој клуб минатата година остана во тага и неверување, откако младиот Марко Божиновски прерано го загуби животот и изненадно почина. Бутелчани во повеќе наврати покажаа дека нивниот поранешен соиграч засекогаш ќе живее во нивните срца, а така беше и во Охрид.

Имено, по победата и при прославата на трофејот, младите играчи на Бутел го истакнаа транспарентот со ликот на младиот Марко Божиновски, па така и тој беше дел од славјето на шампионот.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО