Tuesday, May 21, 2024
21.8 C
Skopje

МВР: Затворска казна за оние кои ќе одобруваат воени злосторства

-Реклама-

И во земјава се следат изјавите и коментарите во врска со ситуацијата во Украина, а за оние што оправдуваат геноцид, злосторства против човештвото или воени злосторства ќе следува кривичен прогон, најавуваат од Јавното обвинителството.

Оттаму велат дека со МВР интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со украинската ситуација и согласно своите надлежности ќе спроведат кривичен прогон.

„Одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик. Имено, Законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години. Во членот 404 од Кривичниот законик, пак, прецизно е наведено што опфаќа поимот воено злосторство против цивилно население“, велат од Обвинителството.

Исто така, апелираат до граѓаните што ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на електронската адреса [email protected] за соодветно постапување.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО