









Ракометниот клуб Вардар 1961 во следната сезона ќе остане без уште една легенда. Се работи за Тимур Дибиров, кој најави дека ова се негови последни месеци во „црвено-црниот“ дрес. На мала врата, без претходни најави дека може да се случи тоа Дибиров го најави своето заминување.



Во гостувањето на подкастот „Само Ракомет“, руското крило ја изненади јавноста со информацијата дека по крајот на сезоната ќе замине од Вардар. Иако кажа дека му е жал, сепак Дибиров нагласи дека сака да си оди од клубот со нова титула во Суперлигата



„Ова е моја последна сезона во дресот на Вардар. За жал, веројатно натпреварот со Веспрем беше мој последен во Скопје во Лигата на шампионите. Би сакал да победиме во Битола и да ја освоиме титулата, па така да се простам од Вардар. Сметам дека е време за крај на мојот период во клубот“, изјави Дибиров.
Дибиров има 38 години, веќе од 2013 година го носи дресот на Вардар и долги години е меѓу носителите на играта. Оваа сезона е најдобар стрелец на тимот и неговото заминување со сигурност ќе го погоди Вардар