









Претседателот на Руската Федерација Путин упати телеграма со честитки до Александар Вучиќ по повод убедливата победа на претседателските избори во Република Србија – се наведува во пораката.
Претседателот на Русија истакна дека резултатите од гласањето ја потврдуваат широката поддршка на граѓаните на Србија за курсот на Александар Вучиќ „со цел да се решат итните социјални и економски проблеми и да се води независна надворешна политика“.
– Очекувам дека вашата активност како шеф на државата ќе продолжи да помага во зајакнувањето на стратешкото партнерство што постои меѓу нашите земји. Тоа секако е во интерес на братските народи на Русија и Србија – истакна Путин во телеграмата.