Сојузот на средношколци денеска побара реформи односно да им биде обезбеден бесплатен јавен превоз на сите средношколци.
Претседателот на Сојузот Лука Павиќевиќ рече дека Сојузот подготвил два предлог-закони кои се однесуваат на воведувањето на бесплатен јавен превоз и на другите барања.
Павиќевиќ рече дека подготвиле и предлог-закон кој ќе гарантира постоење на ученички совети во секое училиште, нивна независност од другите органи на училишната управа и демократски непосредни избори за претседателите на ученичките совети.