Tuesday, July 16, 2024
25.8 C
Skopje

Европа ги повлекува од продажба „Киндер jајцата“

-Реклама-

„Фереро“ повлекува некои серии на „Киндер Спрајс“ чоколадните јајца во Велика Британија поради случаи на инфекција со салмонела кои следеле по консумирање на овој производ, соопштила Агенцијата за безбедност на храна (FSA).

Истрагата која ја водела Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA), јавното здравје на Шкотска, јавното здравје на Велс и Агенцијата за јавно здравје на Северна Ирска, откриле дека постои врска меѓу пријавените случаи на труење со салмонела ширум Британија и киндер јајцата, пренесува „Гардијан“.

Исто така, повеќе случаи наводно се забележани во Европа, вклучувајќи ја и Ирска, Франција, Германија, Шведска и Холандија.

Реклама

Станува збор за чоколадните јајца од 20 грама кои имале рок на употреба меѓу 11 јули и 7 октомври 2022 година.

-Реклама-

Како мерка на претпазливост, „Фереро“ повлекол производи и на луѓето им се советува да не ги јадат.

FSA соопштила дека сите киндер јајца се произведени во иста фабрика. Се смета дека тоа нема да влијае на другите производи на „Фереро“.

Симптомите на салмонела вклучувале дијареја, грчеви во стомакот, мачнини, повраќање и грозница.
Иако во поголем дел од случаите луѓето имале симптоми неколку дена, постои опасност од влошување на состојбата, особено кај младите и оние со слаб имунолошки систем.

-Реклама-

Тина Потер, шефица на FSA изјавила дека го поздравува пристапот кој го презел „Фереро“.

„Им советуваме на потрошувачите да не јадат ниту еден производ поради предупредувањето на FSA. Навистина ни е важно потрошувачите да го почитуваат овој совет, за да се избегне ризикот од труење со салмонела. Знаеме дека овие производи се популарни меѓу малите деца, особено за време на Велигден, па би апелирале до родителите“, изјавила Потер.

Извор kurur.mk

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО