Компанијата „Адидас“ ги изненади сите со новото издание во серијата „Предатор“ за фудбалски копачки.
Имено, „Предатор Еџ“ се кристализирани копачки кои на себе содржат „Сваровски“ дијаманти. Атрактивно излепени со дијаманти се познатите три линии на „Адидас“, но и останатиот дел од копачките изгледа одлично. Ова е револуција во производството на фудбалски копачки што е досега невидено. Често големи компании соработуваат во светот на спортот, па така ова не треба да зачуди.
Цената на овие копачки ќе биде околу 360 евра, а на продажба ќе има само 300 парчиња. Од германската компанија веќе најавија дека премиерлигашките ѕвезди Пол Погба и Диого Жота први ќе ги презентираат копачките со дијаманти на терените.
(ФОТО) „Адидас“ претстави нови копачки украсени со дијаманти