Екипа на Си-Ен-Ен снимала прилог во близина на Миколаив, но во еден момент гранати почнаа да паѓаат околу нив на само 150 метри одалеченост.
Возилото им било уништено, но сепак упеале да побегнат.
Вишиот меѓународен дописник на Си-Ен-Ен, Бен Ведеман, продуцентот Карим Кадер, фоторепортерот Џон Ториго, преведувачката Валерија Дубровска и нивниот тим застанале на крстосницата за да разговараат со неколку украински војници.
„Паднавме на земја, а потоа трчавме кон автомобилите. Скокнавме во нашето Мицубиши Пајеро, но тој беше уништен.
Екипата истрчала до нивното друго возило, кое исто така било оштетено од шрапнели.
Успеале да влезат и да се оддалечат.
Никој од тимот не бил повреден.
🔺Tim CNN-a u blizini Mikolajeva samo nekoliko metara od dolazećih artiljerijskih granata #UkraineRussiaWar #BREAKING #Mykolayiv
🎥 @CNN ⤵️ pic.twitter.com/mnoP5Nl8ZI
— Dnevni avaz (@DnevniAvaz) April 5, 2022