









Тешка сообраќајна несреќа се случи утрово во Унгарија. Пет лица го загубија животот, а десеттина се повредени.



Несреќата се случила околу седум часот изутринава на железнички премин кај Миндсент во близина на границата со Србија.



„Спасувачките акции сè уште се во тек, така што се уште не можеме да го утврдиме бројот на жртви. Во несреќата неколкумина се повредени, а неколку починале на местото на настанот“, се вели во соопштението на полицијата.



Како што се вели пак во соопштението на полицијата, камионот влетал во шините и возачот ги игнорирал црвените светла за да застане.