Тажни вести од Македонија. Ракометарот Денис Тот не издржа и почина на одделението на КАРИЛ во една од скопските болници.
Ракометарот кој беше член на суперлигашот Бутел Скопје според Министерството за Внатрешни Работи (МВР) на 7 април во 4:11 часот бил донесен во болница, во бесознание.
Првата верзија за настанот беше дека Тот бил нападнат и претепан. Но, МВР излезе спротивно на овие тврдења и истакна дека немало траги на насилство на неговото тело, а потоа и од Клиниката во Скопје информираат дека ракометарот бил донел без срцева акција. Лекарите се бореа за неговиот живот, но за жал, борбата заврши безуспешно.
Денис Тот имаше 28 години и оваа сезона играше за Бутел. Претходно, последните две сезони ги бранеше боите на Охрид. Тој потекнуваше од Ѓаково, играше за шпанскиот Адемар Леон, австрискиот Брик, хрватските Пореч и Бјеловар.
Извор gol.mk