Monday, September 25, 2023
18.8 C
Skopje
HomeРАКОМЕТМВР: Се формира посебен тим за истрага на смртта на Денис Тот

МВР: Се формира посебен тим за истрага на смртта на Денис Тот

-Реклама-

Многу информации циркулираа во јавноста, но најтажна и најтрагична беше смртта на ракометарот Денис Тот. Хрватот кој настапуваше за Бутел Скопје, денес во клиничкиот центар ја загуби битката со животот.

Од првичните мислења дека Тот бил претепан, до срцеви проблеми и многу шпекулации. Обдукцијата треба да појасни повеќе работи, а според информациите Министерството за внатрешни работи на Македонија веќе формираше и посебен тим кој ќе работи на случајот.

Ова го потврди хрватската амбасадорка во земјава, која за медиумите во својата земја ги сподели информациите.

„Ние сме упатени во случајот. Секако дека стапивме во контакт со сите важни институции за овој случај. Министерството за внатрешни работи веќе формира посебен тим кој ќе работи на истрагата за да се дојде до точни информации“, изјави Нивес Тигањ.

Ова е нова голема трагедија во македонскиот ракомет, а ракометниот клуб Бутел веќе го загуби и младиот Марко Божиновски минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
- Реклама -

ПОПУЛАРНО

МВР: Се формира посебен тим за истрага на смртта на Денис Тот

Реклама