Sunday, June 16, 2024
17.8 C
Skopje

Ова се најчудните места во светот!

-Реклама-

Ова се едни од најчудните места на Земјата, кои со своите пејзажи им го привлекуваат вниманието на туристите, но и на научниците.

Пештерите Ваитомо Глоуворм е геолошкото чудо во Нов Зеланд. Овде висат илјадници светлечки црви, кои фрлаат светлина врз ѕидовите на пештерите.

Реклама

Насканските линии
претставуваат геоглифи, серии на геометриски форми, километри од линии и цртежи на човечки и животински фигури со огромна големина. Тие се наоѓаат во Перу. Постојат многу теории за идејата која стои зад нивното создавање уште во 500 година п.н.е., а некои од нив се дека означуваат пат до соѕвездија на небото или дека се дело на вонземјани.

-Реклама-

Lines and Geoglyphs of Nasca and Pampas de Jumana

Лох Нес
е големо езеро со матна вода, скриено меѓу шкотските висорамнини. Покрај својата убавина, ова езеро е надалеку познато по легендата за појавувањето на чудовиштето од Лох Нес, наречено Неси, кое живее во неговите води. Простирајќи се на 56,4 километри квадратни и со најдлабока точка на 230 метри.

-Реклама-

Салар де Ујуни е феномен на природата каде може да сведочите на спојувањето на небото и земјата. Кога врне, ова пресушено солено езеро се претвора во огромно огледало и создава илузија дека чекорите по облаци.

Бранот се наоѓа во Аризона, Јута и е карпа од песочни камења. Овој предел е познат по чудните и интересни песочни форми во облик на буквата „U“. Се верува дека оваа разнобојна формација постои уште од Јура периодот.

Скриената плажа на островот Мариета се наоѓа во близина на Пуерто Валарта, Мексико. Целосно е скриена и оваа плажа настанала по вулкански ерупции.

Стоунхенџ е споменик во Велика Британија кој е изграден од камен. Но мистеријата кај овој споменик е во неговата архитектура и намена. Постојат повеќе различни теории за овие камени столбови кои датираат уште од пред 5.000 години, меѓу кои се наоѓаат претпоставките дека можеби биле антички гробишта, место каде слетувале вонземјанските бродови и друго. Но се уште не постои конкретен одговор на ова прашање.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО