Tuesday, July 16, 2024
25.8 C
Skopje

(ВИДЕО) Поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири спроведен во Шутка

-Реклама-

На поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири му е одреден 30 дневен притвор, поради сомневање дека ја злоупотребувал својата службена положба.

Зеќири се сомничи дека во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на службената положба, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија, осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100 денари, на штета на Буџетот, износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги, велат од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

– Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против едно лице за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, судија на претходна постапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќи
ги сите факти приложени во предлогот, донесе решени со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Реклама

ВИДЕО a1on.mk

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО