









Основното јавно обвинителство во Тетово донесе наредба за истражна постапка против лицето (45) од селото Селце, кој при извршување на семејно насилство, со умисла ја лишил од живот сопствената мајка.



Како што информираат од обвинителството, на 8 април во дворот на семејната куќа во која живееле, без повод и причина, осомничениот ја нападнал жртвата, нанесувајќи и смртоносен удар со секира.



Судот го прифатил предлогот и му определил 30 дневен притвот.