









Земјотрес со интензитет од 4,2 степена според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во Албанија, со епицентар на девет километри од местото Тропоја соопштуваат од Сеизмолошкиот оддел на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.



Земјотресот е почувствуван и во Македонија, како и јужниот дел на Србија и Црна Гора.