Monday, September 25, 2023
18.8 C
Skopje
HomeВЕСТИСопружници дома печателе илјадарки- полицијата ги лиши од слобода

Сопружници дома печателе илјадарки- полицијата ги лиши од слобода

-Реклама-

Секторот за внатрешни работи Штип расчисти случај за фалсификување пари и ги уапси сопружниците Б.Ф. (38) и С.Ф. (33), двајцата од Штип.

Имено Б.Ф. испечатил четири банкноти од по 1.000 денари, од кои три ѝ дал на С.Ф., а четвртата ја фрлил бидејќи била оштетена.

По истрагата било утврдено дека С.Ф. една од банкнотите разменила со малолетничка од Штип за две по 500 денари, една дала на лице од Штип за да подмири долг кон него, а последната, откако слушнала дека делото е пријавено, ја скинала и фрлила.

Банкнотите биле пронајдени и одземени, како и печатачот и компјутерот на кој биле направени. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
- Реклама -

ПОПУЛАРНО

Сопружници дома печателе илјадарки- полицијата ги лиши од слобода

Реклама