Манчестер Јунајтед загуби на гостувањето кај Евертон на „Гудисон Парк“ со 1-0. Овој резултат беше разочарување за симпатизерите, меѓутоа и за фудбалерите и сите членови на клубот.
Бесен по последниот судиски свиреж беше и Кристијано Роналдо. Португалецот на заминувањето од теренот во бес турна телефон од раката на млад фан на Евертон и истиот се скрши, па ѕвездата стана мета на критики.
Бесната реакција на Кристијано Роналдо:
Ronaldo assaulted a kid because he lost a game. Crazy pic.twitter.com/2Cr6mYNqT4
— MC (@CrewsMat10) April 9, 2022
Мајката на момчето Сара Кели даде изјава по натпреварот за „Liverpool Echo“ и откри дека момчето Џејкоб е аутистично и дека ова му е прв натпревар во животот што го гледал во живо, па снимил сè околу него како спомен, а тоа го вклучило и враќањето на играчите кон соблекувалните.
По овој испад, фудбалерот на Манчестер Јунајтед се извини преку социјалните мрежи, каде што напиша:
„Никогаш не е лесно да се носиш со емоциите во тешки моменти. Како и да е, секогаш мора да почитуваме, да бидеме трпеливи и пример за младите кои ја сакаат оваа игра.
Сакам да се извинам за мојот испад, ако е можно, сакам да го повикам младиот фан да нè гледа на „Олд Трафорд“ како знак на фер-плеј и спортско однесување“.
Роналдо оваа сезона одигра 25 натпревари во Премиер лигата, постигна 12 гола и запиша три асистенции.