Според официјалните податоци, Бориловиќ влегол во станот на своите станари околу 15:30 часот и го убил единаесетгодишниот М. , апотоа во неговиот три години помлад брад и потоа низ прозорецот пукал во нивната мајка, Наташа Пајовиќ Мартиновиќ.
Откако ги убил, им се јавил на нивниот татко и сопруг Милош Мартиновиќ и му рекол: „Го убив твоето и моето семејство“, велат соговорниците на „Вијести“ од Управата на полицијата.
Во следните 45 минути на вкупно 80 метри од неговата куќа пукал со карабинот, при што усмртил уште седум лица, а ранил уште шест.
Надлежните објаснија дека по убиството на Мартиновиќ, тој влегол во соседната куќа, каде ги убил постарите сограѓани Данијела и Димитрије Дрецун, а тешко го ранил нивниот внук Александар Дрецун (32). На прагот од таа куќа го убил и нивниот син Рајко Дрецун (56), кој кога слушнал пукање истрчал кон куќата.
Бориловиќ го убил и својот сосед Милан Митровиќ (37), а потоа и вујко му Горан Ѓуришиќ (54), а потоа одејќи по улицата ги убил соседите Александра (52) и Данијела Радуновиќ (51).
Бориловиќ, погоден со два куршуми и со пушка во раката се свртел кон куќата на својот сосед И.Ј. и го викнал да излезе.
Тој ранил уште четворица соседи – Славица Звичер, Филип Ѓурковиќ, Милева Рамадановиќ и Даринка Челебиќ, како и полицаецот Љубиша Максимовиќ, кој се обидувал да го совлада. Клиничкиот центар на Црна Гора синоќа соопшти дека тројца од ранетите биле оперирани и се сместени на Одделот за интензивна нега.
Неговото тело, според неофицијалните информации, синоќа било испратено на обдукција.
Kurir\vijesti\Telegraf