Нивото на водата во германската река Рајна продолжува да опаѓа, а властите денеска пријавија пад од околу шест сантиметри во последните 24 часа, јави ДПА.
Нивото на водата во градот Кауб во покраината Рајнска област-Пфалц, кој служи како важен ориентир и маркер за пловидба по реката, се намали на 36 сантиметри, соопшти службата одговорна за водните патишта и бродскиот сообраќај во земјата и властите предвидуваат дека до понеделник би можел да падне на 30 сантиметри. Товарните и патничките бродови веќе неколку недели се принудени да се справат со ниското ниво на вода во Рајна. Организацијата соопшти дека нивото на водата во Кауб вчера било 42 сантиметри, што е околу пет сантиметри пониско од нивото во исто време претходниот ден.
Властите неодамна соопштија дека бродовите соодветни за пловидба во плитка вода ќе можат да продолжат да пловат по реката кога нивото на водата во Кауб е околу 30 до 35 сантиметри. Претставник на надзорната служба вчера изјави дека падот на нивото веројатно нема да влијае на пловидбата на реката за бродови што превезуваат стока. Тој рече дека продолжената екстремна суша во земјата теоретски би можела да влијае на поморството, но тој самиот не верува дека тоа ќе се случи.
Доколку нивото на водата остане ниско, бродовите мора да превезуваат значително помали количини товар, што би го отежнало транспортот на јаглен и нафта преку Рајна. Многу стоки потоа ќе треба да се транспортираат по пат и железница“, велат надлежните. (МИА)
Нивото на реката Рајна во Германија продолжува да се намалува