Tuesday, October 1, 2024
17.8 C
Skopje

По двегодишна пауза, во Прага 60.000 луѓе на Прајд

-Реклама-

Според проценките на полицијата, околу 60.000 лица учествуваат на прашкиот Прајд, во рамки на традиционалниот летен еднонеделен фестивал на ЛГБТ малцинствата.

Без карневалски возила, со знамиња, цвеќиња, шалови и украси во боите на виножитото, Прајдот се одржува по две години пауза поради Ковид-19

Во градското собрание се вее знаме во боите на виножитото, симбол на борбата на сексуалните малцинства против дискриминацијата, а во истите бои е и пешачката зебра пред седиштето на градските власти, додека градоначалникот на Прага Зденек Хжиб и неговата сопруга се во првите редови на Парадата на гордоста на ЛГБТ заедницата.

Покрај знамињата, учесниците на Прајд носеа и транспаренти за поддршка на ЛГБТ заедницата, а за првпат од одржувањето на маршот учесниците минаа низ центарот на Прага без немири и протести на групи противници. Само на на едно место по патеката стоеја неколку мажи кои ја цитираа Библијата во деловите каде што се зборува за гревот.

Овогодинешниот Прага Прајд и ЛГБТ фестивалот се одржува под слоганот „Срцето е важно“.

– Ова укажува на аспектот на човековите права. Срцето не е само во нашиот амблем. Срцето е симбол на животот, заедништвото, взаемната љубов и хуманоста. Тоа се рефлектира во сите 150 манифестации на нашиот фестивал, изјави директорот на фестивалот Том Бил.

Прага Прајд завршува вечерва со голем концерт во паркот Летна. (МИА)

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО