Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна настапила на свадба како специјален гостин, а како што дознава Курир цената на нејзиниот хонорар за само половина час пеење изнесувала дури 30.000 евра.
Една од најголемите балкански ѕвезди со своето присуство на нивната свадбена веселба ја зголеми прославата на тазе брачниот пар. Иако е познато дека Цеца настапува за многу високи хонорари, приближно 25.000 евра за еден час пеење, овој пат малку ја подигна цената.
Кога младенците ја повикале да биде специјална гостинка, нејзиниот тим договорил Светлана да биде на свадбата половина час, а цената за тој настап е 30.000 евра. Бидејќи една песна во просек трае три минути, Ражнатовиќ можел да отпее најмногу десет за 30 минути, па според таа пресметка овој брачен пар платил 3.000 евра за еден број што го испеала Цеца.
Кога се појавила во свечената сала, каде била организирана свадбената веселба, присутните гости скокнале од столчињата и се собрале околу пејачката. Бројни мобилни телефони беа насочени кон Ражнатовиќева, која настапот го започна со песната „Београд“. Пејачката се појави во долг црвен фустан со кратки ракави, а косата и беше навлечена во високо опавче.
Додека таа пееше, атмосферата се вжешти, а младоженците нон-стоп танцуваа во близина на пејачката, која дефинитивно им го разубави најсреќниот ден во животот.
Да потсетиме, Курир пред две години пишуваше за ромска свадба вредна 650.000 евра на која пееја најголемите балкански ѕвезди, меѓу кои и Аца Лукас и Светлана Цеца Ражнатовиќ. Тогаш семејствата на младенците вложиле огромна сума за свадбената веселба во Италија, а пејачката тогаш била единствената која однапред го земала хонорарот, додека нејзините колеги го платиле настапот од бакшиш.
– Цеца и Лукас зеле по 50.000 евра за настапот, меѓутоа, договор со домаќините е сите пејачки освен Ражнатовиќка која однапред го земала хонорарот, да бидат платени преку бакшиш – изјави за Курир добро информиран извор на време.
(kurir.rs)
ЦЕЦА ЗА ПЕЕЊЕ ПОЛОВИНА ЧАС НА СВАДБА ЗАРАБОТИЛА ВРТОГЛАВИ 30.000 ЕВРА