Полицијата во главниот град на Молдавија Кишињев истражува серија закани со бомби упатени денеска на различни локации, вклучително и Врховниот суд на земјата и меѓународниот аеродром, соопштија властите.
Закани за бомби се упатени и во трговски центри, болници и други медицински установи, соопшти полицијата.
На денешните закани им претходеа повеќе од 40 слични инциденти кои во јули ја зафатија оваа земја, која не е дел од Европската Унија. Повеќе од половина беа за аеродромот во Кишињев и предизвикаа сериозни прекини во опслужувањето.
Ниту една од десетиците закани упатени неодамна против Молдавија, која се граничи со Украина, не беа вистински. Не е пронајден експлозив и се уште не е покренато обвинение. Сепак, безбедноста на аеродромот е засилена. (МИА
)
Серија дојави за поставени бомби- полицијата во Молдавија истражува