Вардар ќе продава билети по симболична цена за четвртфиналето во СЕХА
Ракометниот клуб Вардар 1961 се подготвува за четвртфиналниот натпревар во СЕХА лигата, кој на 23 август го игра против хрватски Нексе од Нашице.
Добро познатиот противник доаѓа во СЦ „Јане Сандански“ со високи амбиции, ама целите на вардарци се пласман на „фајнал-фор“ турнирот во Задар. На осум дена пред натпреварот, Вардар ја започна официјалната продажба на билети за четвртфиналето во балканската конкуренција.
Цените на картите се симболични, за страничните трибини ќе се наплаќа по 60 денари, додека за централните по 100 денари. Најскапа варијанта се секторите најблизу до теренот, на кои еден билет чини по 150 денари. Вардар се надева дека со ваквиот потег ќе привлече поголемо внимание и ќе има поголема поддршка.
Во четвртфиналето на СЕХА се натпреварува и Еурофарм Пелистер, кој следниот четврток во „Боро Чурлевски“ ќе го дочека Мешков Брест.