Вчера на Клиника за неврохирургија во рамки на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ се случил инцидент, дознава Курир.
Имено, како што известува Курир вчера на Клиничкиот центар пациент нападнал еден болничар и уште еден пациент, по што скокнал од вториот кат преку прозор.
-Пријавено е дека Б.З. (62) од Свети Николе кој бил пациент во болницата со тврди предмети кои ги нашол во собата фрлал кон пациентот С.В. (66) од с.Колари, кичевско. Потоа болничарот Н.Б. (23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, но Б.З. и кон него почнал да фрла со предмети по што го отворил прозорецот и скокнал од вториот кат, потврдуваат од МВР за Курир.
Пациентот се здобил со тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, нападнатите се здобиле со телесни повреди. Полицијата работи на расчитување на случајот, известува Курир.
Извор kurir.mk
Драма на Клинички: Нападнал пациент и болничар на неврохирургија, па рипнал од прозор