









Денеска на три години затвор е осуден Јордан Ѓорѓиев кој годинава ја усмрти Викторија Николова (24) во сообраќајна несреќа.



Во сообраќајната несреќа беше повредено и момчето на Викторија, Леонид. Двете семејства се згорзени од денешната пресуда.



Додека мајката на загинатата девојка се гушеше во плач, таткото рече дека никој нема доверба во ова судство.



„Немам зборови, згорезен сум од оваа држава, од судството и затоа има толку голем процент на недоверба има. Друго немам ништо, згрозени сме како фамилија со ваква пресуда. Немаме зборови, сите ќе ја напуштат оваа држава“, рече таткото на покојната Викторија
ВИДЕО a1on.mk