Tuesday, February 27, 2024
14.8 C
Skopje
spot_img

Полска купува речиси 400 тенкови и хаубици од Јужна Кореја

-Реклама-

Полска се согласи да купи речиси 400 тенкови и хаубици од Јужна Кореја, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак, јави ДПА.

Договорот, за кој јужнокорејските медиуми велат дека вреди неколку милијарди долари, е потпишан во јули и предвидува испорака на 180 тенкови К2 до 2025 година, заедно со пакети за обука и логистика и муниција.

-Тенковите треба да бидат распоредени во воената база Моронг во северна Полска, а првите 10 тенкови се очекува да бидат испорачани оваа година, рече Блашчак.

Полска купува и 212 самоодни хаубици К9 од Јужна Кореја, од кои 24 треба да бидат испорачани оваа година. Хаубиците треба да го заменат оружјето што Полска и го донира на Украина. (МИА)

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

Полска купува речиси 400 тенкови и хаубици од Јужна Кореја

Реклама

Полска се согласи да купи речиси 400 тенкови и хаубици од Јужна Кореја, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак, јави ДПА.

Договорот, за кој јужнокорејските медиуми велат дека вреди неколку милијарди долари, е потпишан во јули и предвидува испорака на 180 тенкови К2 до 2025 година, заедно со пакети за обука и логистика и муниција.

-Тенковите треба да бидат распоредени во воената база Моронг во северна Полска, а првите 10 тенкови се очекува да бидат испорачани оваа година, рече Блашчак.

Полска купува и 212 самоодни хаубици К9 од Јужна Кореја, од кои 24 треба да бидат испорачани оваа година. Хаубиците треба да го заменат оружјето што Полска и го донира на Украина. (МИА)

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

- Реклама -

ПОПУЛАРНО