

Од утре, лицата кои пристигнуваат од Македонија при влез во Бугарија веќе не се обврзани да поседуваат Ковид сертификат. Истото важи и за граѓаните на Турција, Романија, Србија, Унгарија, Полска, Чешката Република, Словачка, Израел и Египет .



Одлуката ја донесе бугарската министерка за здравство проф. Асена Шербезова, со наредба издадена денеска.



Во Бугарија се укинува вонредната епидемиолошка состојба.