Tuesday, February 27, 2024
14.8 C
Skopje
spot_img

Бериша најави протести на опозицијата и граѓанска непослушност

-Реклама-

Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, од седиштето на Демократската партија најави протести и граѓанска непослушност до соборување на Еди Рама.

Тој рече дека опозицијата веќе го прогласила Рама за непријател затоа што го ” украл гласот на Албанците и врз основа на украдениот глас ги украл сите овластувања”.

– Сценариото е протест и ако треба и граѓанска непослушност. Имаме непријател а тоа е Еди Рама и нема да мрднеме од тука, бидејќи тој го украде гласот на Албанците и врз основа на украдениот глас ги украде сите овластувања. Ова е вистината, затоа тој не може да биде прифатен. Ни сме во целосен монизам и ќе излеземе од него без разлика на цената, рече Бериша.

Додаде дека има согласност со Партијата на слободата на Илир Мета, другите опозициски партии и граѓанското општество Еди Рама да замине една минута порано.

– Заедно сме за да го тргнеме Рама кој стана најголем проблем на Албанците во политиката по ЕнверХоџа. Оваа цел ги надминува сите други проблеми. Ќе координираме заеднички фронт за спас на Албанија од Еди Рама, кој има незамисливи афери, обвини Бериша. (МИА)

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

Бериша најави протести на опозицијата и граѓанска непослушност

Реклама

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

- Реклама -

ПОПУЛАРНО