Monday, March 4, 2024
9.8 C
Skopje

ЕУ изрази жалење за најавата за откажување на геј-парадата во Србија, бараат дополнително разјаснување

-Реклама-
-Реклама-

Европската унија изрази жалење што српските власти најавија дека ќе го откажат или одложат паневропскиот ЛГБТИ настан Europride, наведувајќи дека внимателно ќе го следат ова прашање.
„Жалиме што Србија објави дека ќе го откаже или одложи Europride, откако првично одлучи да биде домаќин во Белград овој септември, и би сакале дополнително разјаснување. Ние внимателно ќе ја следиме оваа работа.

Се надеваме дека може да се најде начин за Europride да се одржи безбедно и во мир“, изјави портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро.

Europride долги години се залага за еднакви права за ЛГБТИК луѓето низ Европа, давајќи им глас на оние кои често се дискриминирани поради нивната сексуална ориентација. Тоа се основни права за ЕУ и очекуваме нашите најблиски партнери да ги почитуваат“, се додава во реакцијата н ЕУ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата изјави дека Europride манифестацијата ќе „откажена или одложена“.

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека државата не сака никому да ги ускрати правата загарантирани со Уставот и дека најавата за откажување е „повеќе барање до организаторите“ да се откажат од собирот отколку наредба.

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

ЕУ изрази жалење за најавата за откажување на геј-парадата во Србија, бараат дополнително разјаснување

Реклама

Европската унија изрази жалење што српските власти најавија дека ќе го откажат или одложат паневропскиот ЛГБТИ настан Europride, наведувајќи дека внимателно ќе го следат ова прашање.
„Жалиме што Србија објави дека ќе го откаже или одложи Europride, откако првично одлучи да биде домаќин во Белград овој септември, и би сакале дополнително разјаснување. Ние внимателно ќе ја следиме оваа работа.

Се надеваме дека може да се најде начин за Europride да се одржи безбедно и во мир“, изјави портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро.

Europride долги години се залага за еднакви права за ЛГБТИК луѓето низ Европа, давајќи им глас на оние кои често се дискриминирани поради нивната сексуална ориентација. Тоа се основни права за ЕУ и очекуваме нашите најблиски партнери да ги почитуваат“, се додава во реакцијата н ЕУ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата изјави дека Europride манифестацијата ќе „откажена или одложена“.

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека државата не сака никому да ги ускрати правата загарантирани со Уставот и дека најавата за откажување е „повеќе барање до организаторите“ да се откажат од собирот отколку наредба.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

- Реклама -

ПОПУЛАРНО