Monday, March 4, 2024
9.8 C
Skopje

ЕУ изрази жалење за најавата за откажување на Еуропрајд: Ќе го следиме ова прашање внимателно

-Реклама-
-Реклама-

– Европската унија го изрази своето жалење на најавата на српските власти дека ќе ја откажат или одложат паневропската LGBTIQ манифестација Еуропрајд, наведувајќи дека внимателно ќе го следат ова прашање, јави дописникот на МИА од Белград.

-Жалиме што Србија најави дека ќе го откаже или одложи Еуропрајд, откако првично одлучи да биде домаќин во Белград овој септември, и би го поздравиле дополнителното разјаснување. Ние внимателно ќе го следиме ова прашање. Се надеваме дека може да се најде начин за Eуропрајд да се одржа безбедно и во мир, изјави синоќа портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро.

Во соопштението на Ана Писонеро, кое на Твитер го пренесоа Делегацијата на ЕУ во Србија и нејзиниот шеф Емануеле Жофре, се посочува и дека Унијата ја поддржува еднаквоста и отфрла секаков облик на дискриминација.

-Еуропрајд долги години се залага за еднакви права за LGBTIQ луѓето низ Европа, давајќи им глас на оние кои често се дискриминирани поради нивната сексуална ориентација. Тоа се основни права за ЕУ и очекуваме нашите најблиски партнери да ги почитуваат, се додавава во соопштението.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата изјави дека Европрајд, закажан за септември, ќе биде „откажен или одложен“, во согласност со мнозинството членови на Владата и премиерката Ана Брнабиќ.

Премиерката утринава изјави дека државата не сака никому да ги ускрати правата загарантирани со Уставот и дека најавата за откажување на Еуропрајд е „повеќе молба до организаторите“ да се откажат од собирот отколку наредба да не се оди на шетање“. (МИА)

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

ЕУ изрази жалење за најавата за откажување на Еуропрајд: Ќе го следиме ова прашање внимателно

Реклама

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

- Реклама -

ПОПУЛАРНО