Sunday, June 16, 2024
17.8 C
Skopje

Се предаде првоосомничениот за убиството на ракометарот Тот, спроведен е во притвор

-Реклама-

Министерството за внатрешни работи утринава го извести Основното јавно обвинителство Скопје дека е лишено од слобода лицето А.Ѓ. по кое се трагаше врз основа на издадена Наредба за спроведување истражна постапка за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик, информираа од Обвинителството.

Според соопштението од ОЈО лицето се предало на органите на прогонот на територијата на Скопје.

За осомничениот, по предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена.​

Вчера попладне МВР објави и меѓународната потерница за 28-годишниот Анџело Ѓорѓиевски од скопско Волково, првоосомничен за убиството на ракометарот.

Дваесет и седумгодишниот хрватски ракометар, кој играше за РК Бутел, почина во петокот на скопските клиники откако претходно пред дискотеката „Централ парк“ беше претепан од три лица – 22-годишниот А.К., 19-годишната К.Л и 28-годишниот А.Ѓ, кој беше во бегство и за кого беше распишана и меѓународна потерница.

Реклама

Извор kurir.mk

- Advertisement -
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
spot_img

ПОПУЛАРНО

- Реклама -

ПОПУЛАРНО