Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска изјави дека по разговорот со Александар Вучиќ може да каже дека српскиот претседател е целосно посветен на регионалната стабилност. Според Габриел, потребно е да се искористи таа добра волја која, според него, постои кај двете страни.
На маргините на Стратешкиот форум во Блед, Ескобар во изјава за „Еуроњуз Србија“ изрази надеж дека нема да има потреба да се зборува за поделби на Западен Балкан. Тој ја посочи загриженоста на многу луѓе во регионот за ориентацијата на Србија, но верува дека членството во ЕУ е аспирација на Србија.
„Навистина верувам и се надевам дека аспирацијата на Србија е да биде полноправна членка на ЕУ и дека нема да мора да зборуваме за поделби на Западен Балкан. По разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, можам да кажам дека тој е целосно посветен на регионалната стабилност, дека не сака насилство: Да ја искористиме таа добра волја и добрата волја на другата страна, Косово, и се надевам дека лидерите во регионот ќе слушнат што (претседателката на Европската комисија) Урсула Фон дер Лајен рече дека Западен Балкан навистина сака да биде дел од Европската унија и оти граѓаните го сакаат тоа од овој простор. Гледаме оптимизам од сите страни“, рече Ескобар. (МИА)
Ескобар: Вучиќ е посветен на регионална стабилност, да се искористи добрата волја